Search

Србија му даде отказ на селекторот Џерона

Ракометната федерација на Србија денеска потврди дека го раскина договорот со селекторот Тони Џерона по разочарувачкиот настап репрезентацијата од северниот сосед на Европското првенство. Србија по ремито со Исланд во првото коло имаше реални шанси како второпласирана да продолжи во втората фаза, но во последното коло загуби од Црна Гора. Поразот донесе големо разочаруање, па двете страни спогодбено го раскинаа договорот. Шпанецот ја водеше Србија од мај 2020 година. Како најсериозен кандидат за негов наследник медиумите во Србија го споменуваат поранешниот српски репрезентативец Даниел Анѓелковиќ кој во моментов е тренер на Тулуз. 

-По извршниот детален состанок со господинот Џерона, дојдовме до заклучок дека во овој момент најдобро е да дојде до раскинување на соработката во согласност со двете страни. Благодарни сме му за се позитивно што доносе за машкиот српски ракомет за време на својот мандат и му посакуваме многу среќа во иднина. Ракометниот сојуз на Србија ќе ги испочитува сите правни обврски дефинирани во договорот, изјави претседателката на Ракометната федерација на Србија, Милена Делиќ.

Треба да знаете
Последни објави