Search

Светскиот првак Данска и застана на патот на Шведска во одбрана на европскиот трофеј

Актуелниот светски ракометен првак Данска го совлада бранителот на европскиот трофеј, соседот Шведска (28:27) во дербиот од групата од втората фаза на ЕП-2024. Во Хамбург на Шведска не и помогна и ВАР технологијата во последните секунди од возбудливата завршница да стигне до реми и рамо да рамо со Данска да финишира кон полуфиналните позиции на континеталниот собир. Данците во финишот од првиот дел направија серија и дојдоа до предност од четири гола (16:12). Шведска седум минути не даде гол, но сепка се разбуди во финишот и се закани да ја анулира предноста на Данска (28:24) во последните десет минути. Швеѓаните со три гола по ред и намалија на само еден гол разлика, но и не израмнија иако имаа прилика за тоа. Данците во последната минута постигнаа гол преку Ландин Јакобсен за мирно да го дочеката последниот звук на сирената, но судиите го поништија по проверка од ВАР технологијата. Шведска доби нова шанса во последните 17 секунди да дојде до реми. Бергендал постигна гол, но судиите го поништија, бидејќи пикерот на Шведска направил престап. Матијас Гидсел со 10 гола беше најдобар кај Данска, додека кај Шведска најпрецизен беше Хампус Ване со девет постигнати голови. Данска со шест бодови е прва во групата, Шведска и Португалија имаат по четири, Норвешка и Словенија по два, Холандија е без бодови.

Треба да знаете
Последни објави