Search

Атлетико Мадрид последен четвртфиналист во шпанскиот Куп

Фудбалерите на Атлетико Мадрид го совладаа синоќа градскиот ривал Реал со 4-2 по продолжение, во последниот четвртфинален натпревар во шпанскиот Куп.

Натпреварот на стадионот „Метрополитано“ во регуларниот дел заврши 2-2, откако Самуел Лино во 39 минута го доведе Атлетико во водство, а во завршните моменти на првиот дел Саул го израмни резултатот.

Алваро Мората во 57. минута повторно донесе водство за домаќините, но Жозел беше прецизен во 82. минута на спротивната страна.

Екипата на Диего Симеоне трет пат поведе во 100. минута преку Антони Гризман, а победата на Атлетико ја потврди Родриго Рикелме во 119. минута.

Атлетико Мадрид со тоа на идентичен начин (5-3 по продолжение) му врати на Реал за неодамнешниот пораз во полуфиналето на шпанскиот Суперкуп.

Треба да знаете
Последни објави