Search

Почина српскиот кошаркарски стучњак Милојевиќ

Кошаркарскиот, а воедно и спортскиот свет е шокиран од ненадејната смрт на српскиот стручњак Дејан Милојевиќ (47), кој почина откако доживеа срцев удар во ресторан во Солт Лејк Сити. Екс-српски репрезентативец, кој стана тренер во стручниот штаб на НБА-лигашот Голден стејт, Милојевиќ доживеа срцев удар во вторникот на вечерта во ресторан во Солт Лејк Сити каде што Голден стејт трбаше да игра против Јута. Милојевиќ итно бил пренесен во најблиската болница каде е и опериран, но ја загуби животната битка. Милојевиќ беше ценет и признат млад стручњак, кој по феноменалните резултати со српска Мега во регионалната лига, доби покана да биде асистент во стручниот штаб на Голден стејт со кого во 2022 година стана шампион во НБА.

Треба да знаете
Последни објави