Search

Захов од Шкендија се пресели во Воска

Дебитантот во Првата македонска фудбалска лига Воска Спорт од Охрид за да не игра само една сезона во елитното друштво го засилува тимот. Во Охрид пристигна искусниот голман Костадин Захов, кој осум години мина на голот на тетовска Шкендија од каде замина во зимскиов преден рок. Захов со Шкендија освои три шампионски титули во македонското првенство и еден трофејот во Купот на Македонија. Во домашниот шампионат, 36-годишниот голман има над 300 натпревари, како член на Беласица, Вардар, Турново, Брегалница Штип и Шкендија, па Воска ќе биде негов шести клуб во кариерата. Покрај Захов охридскиот прволига денеска го претстави и Антонио Илиевски кој во Воска се сели од албанското првенство, од тимот на Фљамуртари.

Треба да знаете
Последни објави