Search

Шарена диета со која Кристина Агилера ослабе 18 килограми

Кристина Агилера се врати на сцената со неверојатен настап во Лас Вегас. Поп-ѕвездата ја воодушеви публиката со гласот, а забележлива беше и промената на нејзиното тело.

Кристина Агилера ослабе 18 килограми, а тоа успеа да го направи со помош на „шарена диета“.
Кога во 2008 година го роди синот Макс, кој сега има 16 години, за жал беше критикувана дека се здебелила. Две години подоцна, во 2010 година, таа почна постепено да слабее за нејзината улога во филмот „Бурлеска“. Како што изјавила, приоритет ѝ било никогаш да не биде слаба, туку да биде здрава. Таа одржуваше здрава тежина дури и кога ја роди ќерката Самер во 2014 година.
Агилера оваа сезона Агилера во Лас Вегас, а нејзиното повторно појавување не остана незабележано во меѓународните медиуми.

Пејачката откри дека дневниот внес на храна го ограничила на 1.600 калории. Диетата е создадена од нутриционистката Дијана Минич и е „шарен, интелигентен и интуитивен систем кој ги интегрира исхраната и начинот на живот на холистички начин, давајќи ви виталност, енергија и мир на умот“.

Оваа диета промовира шарена непреработена храна и природни додатоци и ги поддржува придобивките од јадење разновидно овошје и зеленчук.

Важноста на боите во храната
Растенијата содржат различни пигменти, или фитонутриенти, кои им ја даваат нивната боја, а овие различни бои се поврзани со одредени хранливи материи и антиоксиданси кои можат да го поддржат вашето здравје.

Боите, сепак, можат да бидат и вештачки, а некои од нив можат да имаат штетно влијание врз телото. Затоа, кога ја следите „шарената диета“ на Агилера, бидете внимателни и консумирајте само природна храна без штетни вештачки бои.

Зелена
Зеленчукот како брокулата, зелката и спанаќот се богати со хлорофил. Хлорофилот се смета за моќен антиоксиданс кој може да спречи оштетување на клетките, добар e за здравјето, бидејќи има детоксикациски, антиинфламаторни и антибактериски својства. Зелената боја може да се добие и од природни извори како спанаќ, брокула, авокадо, зелен чај и нане.

Портокалова и жолта
Морковите, слатките компири и тиквата содржат антиоксиданс бета-каротен, кој може да помогне да се заштити видот и да се спречи макуларна дегенерација поврзана со стареењето.

Жолтата боја во храната и состојките може да дојде од природни извори како лимон, банана, пченка, јајца и куркума. Овие намирници содржат витамин Ц, каротеноиди и куркумин, кои се корисни за имунитетот, видот и варењето.

Црвена
Црвената храна, како што е цвеклото, содржи азотен оксид, кој се покажа дека го поддржува проширувањето на крвните садови и на тој начин ја подобрува циркулацијата.

Црвената боја во храната и состојките може да дојде од природни извори како домати, цвекло, јагоди, црвено месо и црвено вино. Оваа храна содржи ликопен, антоцијанин и ресвератрол, кои се антиоксиданси и може да помогнат во спречување на рак, срцеви заболувања и воспаление.

Виолетова и сина
Виолетовото и синото овошје и зеленчук, како што се боровинки и модар патлиџан, содржат антиоксиданси наречени антоцијанин и ресвератрол. Овие моќни антиоксиданси можат да го намалат нивото на оксидативниот стрес со намалување на воспалението во телото.

Бела и кафеава
Белиот зеленчук како карфиолот и лукот имаат значителни здравствени придобивки. Кверцетинот и алицинот се растителни соединенија кои се наоѓаат во белиот и кафеавиот зеленчук и имаат антиоксидантни својства, поддржувајќи го телото во борбата против оштетувањето на клетките од слободните радикали.

Природни извори на кафеава боја се чоколадото, кафето, јаткастите плодови, медот и темниот леб. Оваа храна содржи полифеноли, флавоноиди и други фитохемикалии, кои се добри за здравјето на срцето, мозокот и кожата.

Треба да знаете
Последни објави