Search

Мурињо доби отказ, на клупата кај Рома ќе седне Де Роси

Раководството на италијанскиот фудбалски калчолигаш Рома утрово му врачи отказ на португалскиот стратег Жозе Мурињо. Во текот на денот се највува промоција на неговиот наследник, кој според португалските медиуми, челниците на Рома се решиле оваа улога да му биде доделена на клупската легенда Даниеле де Роси.

Поранешниот капитен на Рома беше дел од младинската академија на „волчицата“, потоа настапи и на 616 натпревари за првиот тим пред да ја заврши својата кариера. Де Роси веќе ги прифатил понудените услови од страна на раководството, а клучно било неговото прифаќање на договор само до крајот на сезонава, со можност за подолга соработка ако бележи добри резултати на клупата на „римската волчица“.

Именувањето на Даниеле де Роси претставува и сериозен ризик на римскиот клуб, ако се земе во предвид неговото скромно тренерско искуство. Тој беше асистент на Роберто Манчини при освоениот трофеј на ЕВРО 2020, но Де Роси не се прослави во првиот самостоен ангажман на клупата на СПАЛ. Тој беше именуван за тренер од овој второлигаш во октомври 2022, но доби отказ во февруари 2023 година откако забележа само три победи на 17 натпревари.

Треба да знаете
Последни објави