Search

Македонија треба да ја победи Швајцарија за да има полесен ривал во мундијалскиот бараж

Македонската машка ракометна реперзентација не направи чудо на Европското првенство кое е во тек во Германија. Во групата А, „црверно-жолтите“ очекувано ги загубија дуелите со Франција (29:39) и домаќинот Германија (25:34). И преостанува вечерва (18 ч.) дуелот со Швајцарија, против која се надеваат дека ќе постигнат победа, која нема да им го продолжи престојот во Германија. Швајцарија по изненадувачкото реми со Франција, има теоретски шанси да помине во втората фаза. За Македонија заначајно е да ја совлада Швајцарија за да има полесен пат до Светското првенство кое в година ќе се одржи во Хрватска, Данска и Норвешка. Ако „црвено-жолтите“ ја исполната цела и завршат како третопласирани во групата ќе се најде во групата привилигирани репрезентации пред ждрепката за баражот за СП-2025, во спротив ќе бидат во групата селекции кои ќе добијат посилни ривали. Според ЕХФ, само една од третопласираните селекции од сите шест групи на ЕП нема да се најде во првиот барабан. Најслабата третопласирана репрезентација со сите четвртопласираните тимови ќе се најде во послабата рејтинг-група при одредување на двојките за мундијалскиот бараж. Македонија поради оваа привилегија мора да ја победи Швајцарија, но сепак од крајната гол-разлика ќе зависи дали го избегне последното место во конкуренцијата на третопласираните селекции. Како стојат работите со победа од два гола, Македонија ќе биде во друштвото привилегирани селекции, бидејќи Грузија кој заврши со настапите како третопкласирана има два бода и гол разлика 77:95. Македонија пред дуелот со Швајцарија има гол-разлика од минус 19 (54:73). Ова значи дека секоја победа со најмалку два разлика во вечерашната пресметка со Швајцарија на Македонија и носи сигурно избегнување на улогата најлош меѓу третопласираните.

Треба да знаете
Последни објави