Search

Шпански мотоциклист загина во несреќа на релито Дакар

Шпанскиот мотоциклист Карлес Фалкон (45) починал од повредите здобиени по несреќа на втората етапа на рели маратонот Дакар, се наведува на Фејсбук страницата на тимот на Твинтреил Рејсинг.

На 8 јануари, Фалкон падна од својот мотоцикл на крајот на втората етапа и се здоби со повреда на главата. По укажаната прва помош, Фалкон бил однесен во болница каде му бил констатиран церебрален едем, кој предизвикал кома, како и фрактура на ‘рбетот, пет ребра, клучна коска и лев зглоб.

„Во понеделникот, на 15 јануари, Карлес не напушти. Лекарите потврдија дека невролошката штета предизвикана од срцевиот удар во моментот на несреќата е неповратна. Карлес беше насмеана личност, секогаш активна, која страсно уживаше во се што правеше, особено во мотори. Не остави да направиме нешто што беше негов сон, да учествуваме на Дакар. Уживаше и беше среќен на својот мотор. Мораме да го паметиме по неговата насмевка и среќата што им ја донесе на сите“, се вели во соопштението на тимот.

Каталонецот, кој по вторпат учествуваше на Дакар, Фалкон падна и беше тешко повреден за време на втората етапа од релито во недела, 7 јануари, на неколку километри од крајот на специјалната фаза од Ал Хенакија до Ал Дувадими, Известува порталот за моторспорт.

Треба да знаете
Последни објави