Search

Винисиус го постигна најбрзиот хет-трик на Ел Класико во 21 век

Реал Мадрид со убедливи 4-1 ја победи Барселона во финалето на шпанскиот Супер куп кој се одигра во Ријад, Саудиска Арабија, но офанзивецот на „кралскиот“ клуб на овој натпревар влезе во историјата на најголемото дерби во светот.

Винисиус уште во првото полувреме со хет-трик ја потопи Барселона, но тој стана петтиот фудбалер во историјата кој успеал да постигне три погодоци во првото полувреме на „ел класико“. Претходно тоа им успеало само на Самитие (Барселона – 1926), Баринага (Реал – 1943), Неро (Реал -1951) и Заморано (Реал – 1995). Тоа значи дека цели 29 години се чекаше за ваков ефект на еден фудбалер, кој воедно е првиот кој успеал да постигне хет-трик во првото полувреме на „ел класико“ во 21-виот век.

Треба да знаете
Последни објави