Search

Ѓоковиќ потешко од очекувањата мина во вторто коло на АО

Првиот светски рекет, Србионот Новак Ѓоковиќ со потешкотии тргна во одбрана на трофејот на првиот сезонски гренд-слем турнир Австарлија опен. На патот кон рекордната 25. гренд-слем титула и 11 пехар во Мелбурн, со 3:1 во сетови го елиминираше хрватскиот тинејџер Дино Прижмиќ. Му беа потребни четири часа игра. Десеткратниот освојувач на Австарлија опен, Ѓоковиќ важеше за фаворит против квалификантот Прижмиќ кој моментно е на 178 место на АТП листата. Првиот сет Ѓоковиќ го доби со 6:2. Новак се соочи со проблеми во вториот кој го решаваше тај-брејкот што му припадна изнеандувачки на Дино (7:5) со што израмни на 1:1. Србинот го покажа квалитетот и искуството и го доби третиот сет со 6:3 и водство од 2:1. Во четвртиот, Ѓоковиќ брзо дојде до 4:0 во гејмови. Кога сите помислија дека мечот е готов, Прижмиќ се врати во игра и намали на 4:3, но пресуди искуството и Ѓоковиќ на крајот го доби сетот со 6:4 и се пласира во второто коло. За Ѓоковиќ ова беше 90. триумф на АО со што стана прв тенисер во Опен ерата со 90+ победи на три гренд слем турнири.

Треба да знаете
Последни објави