Search

Десингер: Германија ќе ја победи Македонија, но нема да биде така убедливо како против Швајцарија

На Европското машко ракометно првенство, вечерва (20.30 ч.) во натпревар од 2. коло во групата А ќе се соочат домаќинот на шампионатот Германија и Македонија. „Панцерите“ на континеталниот собир стартуваа со убедливо победа против Швајацарија, а Македонија со убедлив пораз од Франција. Поранешниот играч на Вардар, кој беше дел од генерацијата која ја покоруваше Европа на клупски план и повремен репрезентативец на Германија, Кристијан Дисингер инаку македонскиот зет, во пресрет на овој дуел вели притисокот ќе биде присутен кај селекцијата од неговата земја, поради домашниот терен. -Македонија е послаба репрезентација од Германија, но никогаш не е лесно да се игра со оваа селекција. Ќе биде потешко отколку против Швајцарија, тоа е сигурно. Македонија има голем број на млади ракоемтари кои немаат што да загубат. Германија од друга страна, поради домашниот терен е под притисок да прикаже добра игра. Верувам дека ќе победи, но нема да биде така убедливо како на првиот дуел со Швајцарија, изјави актуелниот играм на унгарската Татабања, Германецот Дисингер за „Handball World“.

Треба да знаете
Последни објави