Search

Гатузо го потврди можниот трансфер на Лоди во Саудиска Арабија

 Тренерот на Марсеј, Италијанецот Џенаро Гатузо, по ремито со Стразбур (1:1) во натпреварот од 18. коло во францускиот фудбалски шампионат, ја коментираше информацијата за можното заминување од клубот на дефанзивецот Ренан Лоди.

– Лоди остана на клупата цел натпревар затоа што ќе си замине. Ова е прашање кое треба да се упати до раководството на клубот каде што се водат преговори. Не можам да го убедам играчот да остане, но оваа вечер не сакавме да ризикуваме повреда или недостаток на став, изјави Гатузо за „L’Equipe“.

Марсеј со 28 бода и се искачи на 5. место во поредокот, на Лига 1. Стразбур е на 9. место со 24 бодови.

Треба да знаете
Последни објави