Search

Втор пораз на македонските ракометари на Европското првенство

Македонската ракометна репрезентација загуби вечерва во Берлин од Германија со 34-25 во рамки на второто коло од групата А на Европското првенство. Вториот пораз на турнирот автоматски значи дека нашата селекција остана без шанси за пласман во втората фаза.

Домаќинот Германија имаше мотив да се покаже пред домашната публика во Берлин после импресивното издание во Диселдорф.

За разлика од натпреварот со Франција кога париравме и имавме и предност во воведната фаза од натпреварот, денеска Германија доминираше и без голема мака стигна до предност од пет гола на полувреме, додека во вториот дел повторно ја диктираше играта и на крајот славеше со 34:25.

Последен меч за нас во групната фаза е оној со Швајцарија, но тој за нас нема да има никакво посебно резултатско значење.

Треба да знаете
Последни објави