Search

Винисијус ја уништи Барса, Реал по 13.ти пат го освои Суперкупот

Реал Мадрид и одржа лекција на Барселона во Ријад, победи со 4:1 и го освои Суперкупот по 13-ти пат во историјата.

Фудбалерите на Реал одиграа одличен натпревар и на крилата на бразилскиот тандем Винисијус Јуниор – Родриго остварија убедлива победа и реванш за минатата сезона.

Ел Класико го одбележа Винисиус Жуниор, авторот на хет-трик кој ја погоди мрежата во 7., 10. и 39. од пенал, додека Родриго беше стрелец во 64.

Голот за Барселона го постигна Роберт Левандовски во 33. минута.

Треба да знаете
Последни објави