Search

СУВ СТУД ВО МАКЕДОНИЈА ДО КРАЈОТ НА НЕДЕЛАВА: Нови врнежи од дожд, снег и нова снежна покривка од понеделник!

Временска прогноза на Славчо Поповски.

До самиот крај на оваа недела во Македонија ќе имаме сув студ. Времето ќе биде сончево, повремено со мала до умерена локална облачност. Во петок и во сабота ќе дува умерен, а Долж Повардарието повремено засилен ветер од северен и од северозападен правец.

Наутро ќе биде многу студено, па така температурите на повеќе места ќе се спуштаат близу -10 степени, а особено за време на викендот тие понекаде ќе се спуштат и под -10 степени. Студено ќе биде и преку ден, што значи дека максималните дневни температури на многу места низ Македонија ќе се искачуваат само за неколку степени над нулата.

Во Скопје и околината исто така очекуваме стабилно, суво и студено време. Во петок и во сабота повремено ќе дува засилен ветер од северен правец. Наутро температурите ќе се спуштаат во интервалот помеѓу -6 и -4 степени, а максималните температури ќе се искачуваат во интервалот помеѓу 2 и 3 степени.

Нов бран на врнежи од дожд и од снег со пообилен карактер ќе имаме во понеделник и во вторник. Тогаш очекуваме формирање на нова снежна поривка, а снег повторно ќе има понекаде и во пониските места (градовите).

Треба да знаете
Последни објави