Search

Продолжува евакуацијата на животните со нов брод од Крчединска Ада

Евакуацијата на домашните животни кои беа заробени на Крчединска Ада, поради високиот водостој на Дунав, ќе продолжи и денеска и за ова ќе биде ангажиран нов брод.

Евакуацијата започна во вторникот, но веднаш се појавија проблеми. Прво мораше да се смени скелето, бидејќи првобитното немаше ограда. Потоа, по само две тури, во кои беа евакуирани околу 60 животни, бродот се расипа.

Во повисоките делови на Крчединска ада беа заробени околу 200 животни, пред се коњи и говеда. Во понеделникот пожарникарите и војската им доставија храна.

Ниту едно од животните не угинало, иако две се во лоша состојба.

Денеска следи евакуација на коњите, која ќе биде најтешкиот дел, а планирани се осум транспорти бидејќи на скелето можат да стојат околу 25 животни.

Според директорот на јавното претпријатие „Војводинашум“, Кокаи Роланд, официјалното барање за помош пристигнало дури во понеделникот.

„Досега вакво нешто не сме направиле. Скелето преку 55 километри го испорачавме за осум часа, а денеска ќе ни помогнат и приватни лица, бидејќи ни се расипа бродот. Ја обезбедуваме логистиката, останатите го проценуваат сточарите. “ изјави Роланд.

Од „Војводинашум“ претходно изјавија дека на иницијатива на покраинската влада и на барање на сточарите ги ставиле на располагање своите човечки и технички ресурси.

Треба да знаете
Последни објави