Search

Еве во кое време од денот се раѓаат најмногу бебиња

Студијата објавена во списанието Plos one анализира повеќе од пет милиони раѓања помеѓу 2004 и 2015 година и покажа дека 28,5 отсто од бебињата се родени помеѓу 9 и 16:50 часот во работните денови, додека 71,5 отсто од раѓањата се случиле за време на викенди или празници, меѓу 17:00 и 08:59 часот.

Однапред договорените раѓања со царски рез сочинуваат 9,2 отсто од раѓањата и најмногу се случуваат во работните денови помеѓу 9 и 11:59 часот.

Индуцираните раѓања, кои сочинуваат повеќе од една петтина од сите раѓања, се поверојатно околу полноќ во вторник и сабота, како и во деновите пред државните празници. Најмалку раѓања се забележани за време на празниците, пишува Index.hr.

– Моето долгогодишно искуство покажа дека пораѓањата без интервенции најчесто се случуваат во ноќните часови или во раните утрински часови. Можеби е дел од нашето еволутивно наследство. Нашите предци живееле во групи кои биле активни преку ден, а одмарале ноќе. Затоа, ноќните породувања веројатно пружале одредена заштита на мајката и на новороденчето – изјави главниот автор на студијата, др. Питер Мартин.

Треба да знаете
Последни објави