Вардар го промовираше Михајлов и новиот стучен штаб со кој ќе брка опстанок

Најтрофејниот македонски фудбалски колектив Вардар го промовираше Гораз Михајлов во нов тренер за пролетниот дел од сезоната, кој ќе има обврска да го спаси тимот од испаѓање. Михајлов доаѓа на местото од Александар Васоски, кој се пресели во Силекс, каде во есенскиот дел седеше токму сегашниот тренер на „црвено-црните“. -Преодниот рок почнува на 15 јануари. Ќе се обидеме да обезбедиме квалитетни, пред сè домашни, но и странски засилувања на конкуренцијата во тимиот. На дел од играчите ќе им се заблагодариме за досегашниот придонес. Очекувам да одиграме квалитетно во вториот дел од сезоната и да го обезбедиме посакуваниот опстанок. Ќе атакуваме на секој бод на сите 15 натпревари. Верувам во тимот, ги знам дел од играчите и мислам дека со засилувањата ќе направиме стабилен и респектабилен Вардар, изјави Михајлов на денешната прес конференција. Промовиран е и неговиот стручен штаб во кој во вториот дел од сезоната ќе бидат: Маријан Герасимовски – помошник тренер, Теодор Терзиев – кондициски тренер и Бојан Димковски тренер на голманите. За нов спортски директор е назначен Влатко Колев. По 18 одиграни кола во есенскиот дел од сезона, „црвено-црните“ се наоѓаат на последното место на табелата во прволигашката конкуренција.

Треба да знаете
Последни објави