Search

Хрватска: Момче се заканувало на ученици дека ќе ги заколе

Поради тежок инцидент, 16-годишник во Хрватска заврши во истражен затвор, но Уставниот суд сега утврди дека е повредено неговото правото на лична слобода загарантирано со хрватскиот Устав, пренесува N1.hr.

Во средината на октомври минатата година за време на одмор во училишниот ходник, момчето се приближило до четворица ученици од своето одделение и без никаква причина еден од нив го испрскал со солзавец. Во следниот момент со тупаницата во која имал т.н боксер, тој замавнал кон него. Друг ученик го спречил во понатамошен напад.

Момчето потоа извадило нож скакулец од џебот и почнал да се заканува: „Ќе ве заколам сите, ќе ве убијам сите, ќе фрлам молотов коктел во одделението, ќе ве убијам сите и ќе го запалам училиштето“.

После тоа, класниот раководител успеал да го совлада, но потоа 16-годишникот му се обратил: „Не заслужиле да живеат, ќе се вратам во училиштето, ќе го запалам училиштето“ Ќе ве убијам сите“, рекол тој.

Подоцна во канцеларијата на директорот неколку пати повторил дека ќе го запали училиштето и сите ќе ги убие, а истите зборови ги повторил и пред полицајците кои биле повикани да интервенираат.

Со својот чин ги исплашил останатите ученици, но и вработените во училиштето. Затоа бил пријавен за закани, но и за обид за нанесување тешки повреди.

Откако бил изведен пред суд, му е одредена мерка притвор бидејќи судијата констатирал дека може да ги повтори кривичните дела за кои се товари.

По инцидентот, момчето прво поминало две недели на лекување. Веќе на рочиштето за притвор, тој тврдеше дека се чувствува многу подобро.

-Зедов терапија и не чувствувам никаква негативна енергија. Немам потреба да правам ништо што е напишано на оваа хартија. Им се извинувам на сите што ги исплашив, на сите ученици во мојот клас, како и на професорот – рекло момчето.

Во меѓувреме дури бил избркан од училиште, а родителите, кои дотогаш не биле свесни дека има некакви психички проблеми, решиле да ги прилагодат работните обврски за да можат повеќе да се посветат на своето дете.

-Со оглед на сето тоа, а и според Конвенцијата за правата на детето, сметам дека Државното обвинителство требаше да предложи некоја друга мерка, а не мерка притвор. Исто така, мислам дека истата цел може да се постигне со одредена мерка на претпазливост или притвор во домот. Примаше и терапија против психотични состојби, а не сум сигурен дали таков третман може да се спроведе дури и во затворски услови. На ова момче му треба лекување, а не затвор – истакнала во судот адвокатката на момчето, а истото го повтори и во уставната жалба.

Уставниот суд во пресудата утврди дека на момчето му е повредено правото на слобода, иако сторил навистина тешко кривично дело. Имено, во решението со кое му е одредена мерка притвор, не било образложено зошто морал да остане зад решетки, а зошто не му била одредена поблага мерка.

– Поради ова, на малолетникот му е повредено правото на лична слобода, загарантирано со хрватскиот Устав – заклучи советот на Уставниот суд на Хрватска.

Треба да знаете
Последни објави