Search

НАСА го одложи првото слетување на луѓе на Месечината по повеќе од 50 години

Американската национална аеронаутичка и вселенска администрација (НАСА) денеска соопшти дека првото слетување на луѓе на Месечината по повеќе од 50 години ќе биде извршено во 2026 година, а не во 2025 година, како што беше претходно планирано.

НАСА соопшти дека астронаутите ќе мора да почекаат следната година пред да летаат на Месечината и уште неколку години пред да слетаат на неа.

Американската вселенска агенција планираше да испрати четворица астронаути на Месечината на крајот на оваа година, но летот беше одложен за септември 2025 година поради технички проблеми.

Објавата дојде набргу откако Astrobotic Technology се откажа од обидот да го спушти своето вселенско летало на Месечината поради истекување гориво.

Сондата требаше да служи како извидник за астронаутите.

Треба да знаете
Последни објави