Search

Со маски и оган се празнуваше Коледе во Турција

Во градот Киркларели во провинцијата Тракија Турција, во празнична атмосфера беше прославен празникот „Коледе“ односно, Бадник на балкански традициинален начин каде се истеруваат злите духови, јавуваат турски медиуми.

Како што може да се прочита во турските медиуми, илјадници Балканци носеле бели чаршафи и се маскирале, палеле оган и оделе да да ги заплашуваат соседите, односно да им тропаат на прозорците на куќите.

„Луѓето се собраа во нивните домови пред прославите и раскажуваа хорор приказни, како што тоа го правеле пред стотици години. По раскажувањето на хорор приказните, жителите на градот зготвувале десерти од тиква и тропале по прозорците на куќите со факели во рацете, преплашувајќи ги луѓето внатре. Според верувањата: Додека оние кои дома готват и јадат десерт од тиква не се плашат, додека оние кои не готват тиква се плашат“ пишуваат медиуми од Турција.

Инаку, славењето Бадник освен со палење огнови, во Македонија се одбележува и со маскенбал во некои делови од државата, а најпознат бадникарски маскенбал е оној што секоја година се одржува во Тетово.

Треба да знаете
Последни објави