Search

Деца од Македонија со српски корени беа на гости кај Вучиќ во Белград

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, денеска, на Бадник ги прими децата од српска националност од Македонија, кои се во посета на Белград по повод Божиќните празници, пренесува Танјуг.  Вучиќ прими 32 деца од Скопје, Битола, Куманово и Тетово во Претседателството. Им порача да ги зачуваат нашите обичаи и култура. „Чувајте ги нашите обичаи, култура и чесното име на великосрпската нација на која припаѓате. Сакам да ви се заблагодарам што сте тука, верувам дека ќе видите многу во Белград, дека ќе ја сакате Србија, како што го сакате местото од кое доаѓате, како што ја сакате Северна Македонија“, рече Вучиќ во Претседателството, каде на децата подели новогодишни пакетчиња. Тој упати честитки до српскиот народ, каде и да живее, и до СПЦ, патријархот Порфириј, за Божиќ, најрадосниот христијански празник. „На нашиот народ во Република Српска, Црна Гора, Босна и Херцеговина, а пред се на нашиот напатен народ во делот на Србија, во Косово и Метохија, дозволете ми да ви кажам благодарам што го зачувавте српското име и презиме, што го зачувавте нашето српско огниште и нашата српска куќа“, рече Вучиќ. Српските деца од Северна Македонија на Вучиќ му подарија слика со Божиќна честитка „Христос се роди“. „Нашата главна задача во Северна Македонија е да ги зачуваме српскиот јазик, кирилицата и српската култура. Претседателе, со години им помагавте на сите во регионот, бевте таму кога беше најтешко и придонесовте за зајакнување на односите меѓу двата братски народи“, рекла Ангела Антевска, една од малите посетители.

Треба да знаете
Последни објави