Search

Се огласи ЈО по објавените снимки: Ги имаме сите докази, ништо не може да ја компромитира истрагата

Јавното Обвинителство тврди дека не постои опасност фотографиите што ги објави Срѓан Ного да ја компромитираат истрагата и воедно потенцира дека се обезбедени сите потребни докази за утврдување на движењето на осомничените.

Но, сепак оттаму додаваат дека, лицата кои објавуваат вакви видео снимки треба да размислат за етичноста на таквите објави и за вознемирувањето што го предизвикуваат кај семејствата на жртвите.

Јавното обвинителство ги има обезбедено сите потребни докази за утврдување на траекторијата на движењето на осомничените. Од тие причини не постои никаква опасност за компромитација на истрагата со објава на снимки од видео надзор на објекти. Сепак, лицата кои ги објавуваат овие видео снимки треба да размислат за етичноста на ваквите објави и за вознемирувањето што го предизвикуваат кај семејствата на жртвите, велат од Обвинителство.

Инаку, српскиот опозициски политичар Срѓан Ного, објави фотографија од возилото со кое е киднапирана убиената Вања Ѓорчевска, а најави дека утре ќе ги објави и сите снимки.

Треба да знаете
Последни објави