Search

Српскиот политичар Срѓан Ного објави фотографија и најави нови снимки за Вања

Српскиот политичар, Срѓан Ного, објави две фотографии од “цитроенот” кој беше користен за грабнувањето на 14-годишната Вања Ѓорчевска, а кои го потврдуваат она што дел од медиумите веќе го пишуваа во врска со истрагата за овој случај.

Ного најавува дека утре на неговите канали на социјалните мрежи ќе ги објави сите снимки со кои располага, како и детали за тоа кој и како го решил случајот со двојното убиство.

Доколку се работи за снимки и записи од истрагата кои се релевантни и вистинити, се поставува прашањето како е можно тие да стасаат во рацете на овој српски политичар. 

Од обвинителството велат дека нема опасност овие објави да ја загрозат истрагата за случајот. 

– Јавното обвинителство ги има обезбедено сите потребни докази за утврдување на траекторијата на движењето на осомничените. Од тие причини, не постои никаква опасност за компромитација на истрагата со објава на снимки од видео надзор на објекти. Сепак, лицата кои ги објавуваат овие видео снимки, треба да размислат за етичноста на ваквите објави и вознемирувањето што го предизвикуваат кај семејствата на жртвите, стои во соопштение од Јавното обвинителство. 

Треба да знаете
Последни објави