Селена Гомез можеби ќе престане да занимава со музика

Селена Гомез е успешна на многу полиња: таа е меѓународна поп ѕвезда, актерка номинирана за Еми и сопственик на козметичка компанија. Но, некои делови од нејзината кариера наскоро би можеле да се променат, Селена повеќе не сака да пее.

– Се чувствувам како да остана само уште еден албум во мене. Колку повеќе стареам, толку повеќе сакам да најдам нешто каде што едноставно ќе се смирам – изјави таа во емисијата за подкаст Smartless. Таа додава дека нејзината кариера како актерка е она на што би сакала да се фокусира.

Гомез изјавила дека уште од мала имала намера да биде сериозна актерка. Нејзината музичка кариера започна само затоа што Дизни и предложи да сними албум откако глумеше во нивниот ситком Wizards of Waverly Place од 2007 до 2012 година.

– Мислев дека ќе биде забавно и дека ќе биде хоби во кое навистина ќе уживам. Сакав да бидам актерка. Никогаш навистина немав намера трајно да бидам пејачка, но очигледно тоа хоби се претвори во нешто друго – изјави таа.

Гомез има издадено три студиски албуми од 2013 година со хитови меѓу кои „Come & Get It“, „Same Old Love“ и „Lose You to Love Me“. Моментално глуми во серијалот „Само убиства во зградата“ кој има пофалби од критичарите. Таа, исто така, се појави во филмови како Монте Карло, Друга приказна за Пепелашка, Програмата за заштита на принцезата и Spring Breakers. Иако не тврди дека трајно ќе престане да се занимава со музика и ќе се фокусира исклучиво на актерството, таа признава дека овој избор можеби се наѕира во иднина. „Сакам пауза бидејќи сум уморна“, рече таа.

Заедно со глумата и музиката, Гомез ја основаше козметичката компанија „Rare Beauty“ во 2020 година.

– Го лансирав за време на Ковид и ми полета. Не можев да бидам поблагодарна. Навистина сум горда – рече таа

Треба да знаете
Последни објави