Search

144 санкционирани возачи во Скопје, 47 за брзо возење

Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден (02.01.2024) продолжи со контролите во областа на сообраќајот.
На територија на град Скопје изречени се вкупно 144 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 47 санкции, седум мерки за возење без возачка дозвола, три санкции за минување на затворен сигнал (црвено светло), седум мерки за користење мобилен телефон при возење…

Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.

Треба да знаете
Последни објави