Search

Сте се прејале и ве боли стомакот: Нутриционист открива што е решение

Познато е дека сода бикарбона растворена во вода помага за баланс во стомакот. Сепак, колку е ефикасна во споредба со газираните пијалоци, откриваат експертите.

Ако деновиве се будите со тежина во стомакот, тоа не е најлошото. Од новогодишната трпеза остана планина храна која ќе ја „грицкаме“ во наредните денови. Нашиот дигестивен систем е силно преоптоварен, па не е ни чудо што сме слаби, поспани и со стомачни болки. Иако сме сити, очите ни се гладни, па повторно посегнуваме по храна, што прави еден вид напад на дигестивниот систем.

Нутриционистите објаснуваат како треба да се однесуваме и колку е паметно да посегнеме по газираните пијалоци и сода бикарбона, кои се популарни при прејадување.

– Ако се прејадеме на новогодишната ноќ или на божиќниот ручек, не е страшно, во случај да е само тој ден, а следниот ден да јадеме помалку и да продолжиме со нормалната исхрана – велат тие.

Посегнувањето по народен лек кој ќе ни го забрза метаболизмот е само привиден метод.

Бидејќи газираните пијалоци содржат сода, ни се чини дека го забрзува варењето и дека ни е полесно, но всушност не е така.

-Народски кажано, за желудникот е исто како кога ќе истуриме нешто мрсно и преку тоа ќе истуриме киселината. Таа ќе собере се, но талогот ќе остане. Така всушност овие отрови се депонираат во нашето тело. А токму тоа се случува кога пиете газиран пијалок или да сода бикарбона измешана во вода. Мораме да оставиме храната да се вари природно – велат експертите.

Постои и поздрава алтернатива која многу подобро ќе влијае на варењето и на нашиот организам.

-Подобро е да се испие чаша некој горчлив пијалок со билки, бидејќи помага на природен начин побрзо да се разгради храната.

Треба да знаете
Последни објави