Search

Нормализиран сообраќајот на патниот правец Дебар – Центар Жупа

Сообраќајот на патниот правец Дебар-Центар Жупа од 19:20 часот е нормализиран во двата правци, соопшти вечерва Авто мото сојузот на Македонија.

Сообраќајот на овој патен правец беше во прекин од попладнево поради сообраќајна несреќа во близина на Мелнички мост. Во сообраќајната незгода, како што изјави портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски за МИА, учествувале три возила со македонски регистарски таблички при што полесно повредено беше едно малолетно лице.

Треба да знаете
Последни објави