Search

Масло од рузмарин за побрз раст на косата

На социјалните мрежи се уште има бескрајна потрага по производи кои ќе ја направат косата подолга и погуста. Досега имавме можност да видиме бројни решенија кои наводно помагаат во растот на косата, но едно посебно се истакна. Има се повеќе ентузијасти корисници на Тик Ток кои велат дека маслото од рузмарин е одлично за спречување на опаѓање на косата.

Маслото од рузмарин се добива од ароматичното растение рузмарин, дестилирано од неговите лисја и цветови. Иако нема многу научни студии кои потврдуваат дека маслото од рузмарин може да помогне во растот на косата, има се повеќе корисници кои укажуваат на неговите придобивки.

Некои студии покажаа дека маслото од рузмарин може да ја подобри циркулацијата што потоа може да го поттикне обновувањето и растот на косата и се верува дека има некои антивоспалителни својства. Сè уште недостасуваат цврсти докази за вистинитоста на овие претпоставки, но лудоста за масло од рузмарин на Тик Ток станува се поголема и поголема.

Задоволните корисници тврдат дека маслото од рузмарин им помогнало да ја вратат густината и должината на косата за неколку месеци, што се импресивни резултати кои ги наведуваат другите корисници на овој начин да ги решат проблемите со опаѓање на косата.

Кои се можните несакани ефекти?

Сепак, она што секој треба да го знае е дека постојат многу причини за опаѓање на косата, и дека не можат сите проблеми да се решат со масло од рузмарин. Покрај тоа, некои проблеми може да се влошат со користење на масло. Најважно е прво да се консултирате со стручно лице и да поставите точна дијагноза и дури потоа да одлучите кој третман ќе се земе предвид.

Вистина е дека многу луѓе деновиве се борат со опаѓање на косата, а едноставно решение како масло од рузмарин на Тик Ток изгледа совршено за секого. Но, кога ги гледаме пресреќните корисници кои имаат двојно погуста коса по неколку месеци, мора да бидеме свесни дека не секој реагира исто на одредени производи и нешто што одлично делува на една личност, може да му наштети на друга.

Во секој случај, доколку одлучите да користите масло од рузмарин, пред да го нанесете на целиот скалп, проверете дали сте случајно алергични со тоа што ќе ставите мала количина на кожата. Дополнително, маслото од рузмарин можете да го користите така што ќе го нанесете и масирате во скалпот и ќе го оставите некое време, по што се препорачува миење на косата. Некои луѓе го оставаат маслото од рузмарин преку ноќ, но методот за плакнење на косата е сè уште најпопуларен.

Треба да знаете
Последни објави