Search

Димитров: Здружението на инженери ќе покрене иницијатива да се донесе закон за изградба на Чебрен со домашни сили

Здружението на инженери ќе покрене иницијатива да се донесе закон со којшто ќе почне да се гради Чебрен со македонски сили, најави вечерва Константин Димитров, кој е дел од ова Здружение. Димитров изјави дека имаме капацитет сами да го изградиме Чебрен и дека ова е проект којшто треба да го обедини општеството.

– Да се донесе закон за изградба на Чебрен, Галиште, Скочивир т.е. да се реши интегрално програмата со сливовите на реките каде Црна река е дел од Вардарска долина. Да се направи закон којшто не може да се менува без разлика која влада и да дојде. Однапред да се дефинираат средства коишто не се големи, рече Димитров при гостувањето на „Сител“.

Рекацијата доаѓа по пропаднатиот 14. тендер за изградба на Чебрен. Министерката за животна средина и просторно планирање Каја Шукова денеска потврди дека грчката ПЦЦ Архиродон не го потпишала договорот за изградба на Чебрен.

Треба да знаете
Последни објави