Search

Во Турција уапсени 56 лица по потерница од Интерпол за тешки кривични дела

Турската полиција во координирана акција во 11 градови уапси 56 лица барани од Интерпол поради тешки кривични дела.

„Уапсените имаат криминални досиеја, вклучително членство во криминална организација, трговија со дрога, перење пари, напад, фалсификување, грабеж, измама, трговија со луѓе, убиство, проституција, кражба, шверц, поткуп, корупција и фалсификување“, рече министерот за внатрешни работи на Турција, Али Јерликаја.

Според него, Интерпол распишал потерници во 18 земји за овие лица кои биле уапсени во координирана акција на турската полиција со коден назив Операција Кејџ-28. 

Треба да знаете
Последни објави