Search

Прво па машко во новата 2024 година во Скопје

Првото бебе во 2024 година се роди на Универзитетската Клиника за гинекологија и акушерство во Скопје во 00.00 часот.

Бебето е од машки пол, тешко е 3.760 грама, долго е 52 сантиметар и е родено со Апгар 10/10.  Како што информираат од Универзитетската клиника за гинекологија и акушерство, породувањето беше извршено по природен пат

Дежурната екипа на ГАК на чело со проф. д-р Горан Димитров ја породи 34-годишната родилка Наташа Стефковска од Скопје.

– На новороденчето му посакуваме добро здравје и среќно детство, се вели во соопштението. Во првите 15 минути од Новата година на ГАК се родија три бебиња.

Треба да знаете
Последни објави