Search

Окото „игра“ поради замор и недостиг на сон

Еден од проблемите што ги иритира луѓето е појавата на ненадејно грчење на очите.

Ова тресење и треперење на очите е многу честа појава и за среќа – ретко претставува сериозен медицински проблем.

Професионално се нарекува миокимија и е спонтан спазам на мали групи мускули на очните капаци. Почесто се јавува на долните, поретко на горните очни капаци на двете очи, но никогаш во исто време. Кај луѓето може да предизвика чувство на непријатност, бидејќи постои верување дека движењето на очниот капак може да го забележат и луѓето во близина. Всушност, тоа понекогаш може да го забележи само човек кој стои на растојание до еден метар и гледа директно во личноста која има проблем.

Интересно е што верувањата на многу народи се поврзани со оваа појава. Нашите предци, исто така, ја поврзуваа играта со очите со предвидување идни добри или лоши настани, во зависност од тоа дали игра десното или левото око. Во случај на трепкање на левото око, традицијата вели дека човекот ќе биде среќен, додека по трепнувањето на десното око ќе следи некој тажен настан или лоша вест.

Сето ова е суеверие, велат лекарите бидејќи медицината дава сосема поинаква научна интерпретација на оваа појава.

-Миокимија е неволно и ненадејно гмечење на мускулните влакна на горниот или долниот очен капак, кое обично се повлекува спонтано и не предизвикува оштетување или губење на видот. Сепак, треба да знаете дека во мал процент, грчењето на очите може да биде и манифестација на некои значајни нарушувања на централниот нервен систем. Најчестите причини за грчење на очите може да бидат прилично банални. Најраспространет е заморот, односно преоптоварувањето на самото око – нагласуваат лекарите.

Долготрајното и интензивно гледање на екраните на компјутерите, мобилните телефони и телевизиските приемници, читањето и учењето со несоодветно осветлување и заштита, претставуваат одлична основа за појава на напрегање на очите. Окото „игра“ и поради недостиг на сон, ментална и физичка исцрпеност, анксиозност, внесување на зголемени дози на кофеин и алкохол. Доволно е навремен одмор, урамнотежена исхрана и намалување на внесот на штетни материи, што го радува телото и очите. Избегнувањето да се биде во задушувачка средина полна со чад, и седењето пред климата исто така придонесуваат за намалување на можноста за појава на треперење на очите.

-Исто така, недостатигот на одредени витамини и минерали може да биде причина за оваа појава. Витамините А и Б, како и магнезиумот, претставуваат некои од поважните елементи чиј недостаток може да се манифестира на овој начин. Сувото око, како и некои болести на самите очи, конјунктивитис и алергиски реакции, може да го предизвикаат и влошат проблемот. Ако грчењето на очите се јавува ретко и се манифестира преку благи симптоми, а фреквенцијата е намалена на еден или неколку пати во рок од еден месец, не е неопходно да се преземаат мерки за лекување. Ако фреквенцијата на симптомите е поголема, мора да се преземат процедури за подобрување или елиминирање на појавата на грчење на очите. Неопходно е очите да се одморат. Доколку ваквото треперење на окото се појави за време на работата, препорачливо е да се прекине со работа, да се кривогледа малку во затемнета просторија и да се стават топли облоги на очите. Доколку покрај играњето има и напнатост во очите, треба нежно да се масираат и очните капаци, објаснуваат лекарите.

Дополнително, преку подобрување на самите услови за работа со добро осветлување, соодветна корекција на видот (носење наочари) и заштита на нив, можно е да се влијае на спречување на оваа појава. Во исто време, неопходно е да се заштитат очите од интензивното сончево зрачење, особено од силниот одраз што се јавува на снегот или водата. Што се однесува до исхраната, треба да јадете свеж морков, ленено семе, цели зрна, печена тиква. Во аптека е можно да се набават и таблети кои содржат магнезиум или витамин Бе.

Се случува, сепак, кај некои луѓе играњето на очните капаци да трае непрекинато повеќе од седум дена, да се повторува сè почесто, да доведе до затворање на очните капаци и нарушен вид, мускулниот спазам да се прошири на други делови од лицето, а понекогаш е придружена со црвенило и оток. Во такви случаи, потребно е што поскоро да се контактира офталмолог или невролог, бидејќи тоа може да укажува на посериозен симптом или болест, како што се блефароспазам, спазам на едната половина од лицето, Меиг-ов синдром, мултиплекс склероза…

Треба да знаете
Последни објави