Search

Девојче доживеа струен удар од новогодишните декорации во Струга

Несреќа се случи во центарот на Струга, кога мало девојче доживеало струен удар од небезбедна новогодишна декорација која ја означува новата 2024 година.Девојчето го удрило струја додека се фотографирало со своите родители покрај декорацијата, се вели во објавата на ВОКС Струга на Фејсбук.

„Декорираната метална конструкција за малку ќе беше фатална за мало девојче од Струга. Таа била удрена од струјата додека се сликала со родителите. Металната конструкција има струја и не е безбедна за граѓаните. Има и видео што го потврдува истото. Полицијата и ЕВН биле на терен и констатирале дека има струја!“, се наведува во објава на ВОКС Струга на Фејсбук.

Дека декорациите во Струга се небезбедни пишува и Voxstruga.mk и го поткрепи ова со видео во кое со мерач за струја доближен до конструкцијата се утврдува присуството на струја.

За среќа, девојчето  без големи последици.Според таткото на девојчето, ударот можел да биде фатален. Случајот е пријавен и во полиција.

Треба да знаете
Последни објави