Кина го олеснува процес за добивање визи за американските граѓани

Кина ќе го поедностави процесот за добивање туристичка виза за граѓаните на САД почнувајќи од 1 јануари со намалување на бројот на потребни документи, се наведува на веб-страницата на кинеската амбасада во Вашингтон.

Апликантите за американска туристичка виза повеќе нема да треба да поднесуваат резервации за авионски билети, резервации за хотели или писмо со покана,

Пекинг на почетокот на месецот воведе безвизен режим за граѓаните на Италија, Франција, Шпанија, Германија, Холандија и Малезија, па граѓаните на овие шест земји ќе можат да престојуваат во Кина 15 дена без виза за следната година, јави Танјуг.

Кина претходно ја прошири својата политика за безвизен транзит во 54 земји, откако бројот на туристи во земјата се намали поради строгите мерки воведени за време на пандемијата на коронавирус.

Бројот на меѓународни летови до Кина се зголеми откако Пекинг ги укина ограничувањата против Ковид пред една година, но бројот сè уште е само 60 проценти од оној од 2019 година.

Треба да знаете
Последни објави