Платите од 2017 до 2023 пораснале двојно, а цените на основните прехранбени продукти околу 85%

Врз основа на компаративна анализа која ја спроведуваат експерти и некои професори, дојдено е до заклучок дека растот на животниот стандард кај граѓаните се зголемил реално за околу 15%.

Според професорите ова значи дека мерките кои ги превземала Владата им помогнала многу на работниците, но и на младите, студентите.

Од анализата може да се заклучи дека кумулативно, основната прехранбена кошничка се покачила за околу 70%, додека пак платите за околу 110%. Цената на транспортот во ЈСП Скопје, останала иста, во меѓуградскиот сообраќај се зголемила за околу 70%.

Нормално овде станува збор за производи од основната кошничка, која за едно четиричлено семејство во 2017 година изнесувала 3 минимални плати, а денеска е сведена на 2,7 минимални плати или нешто над 2 просечни плати денес, а во 2017 биле потребни 2,5 просечни плати.

Значи, според овие параметри, се следи трендот на раст на платите врз основа на цените на мало, за основни прехранбени продукти плус струја, вода и ѓубретарина, а без гориво. Се претпоставува дека автомобилот, е луксуз и не е потреба според теоријата, а во праксата е сосема различно.

Според оваа анализа, со минималната плата во 2017 година, можеле да се набават основни намирници за околу 15% помалку отколку, денес, што значи дека животниот стандард на лицата со минимална плата, кумулативно за 6 години пораснал за 15%, или годишно растел, во просек по 2,5%.

За анализата се земени минималните плати според Министерството за труд и социјална политика, кое во 2017 година вели дека таа изнесува 10.800 денари, а во 2023 20.175, како и платите во маркетите, кои се движеа блиску до минималната плата. Тие во 2017 година изнесувале меѓу 11.000 и 15.000 денари во 2017, додека во 2023 се движат во распон од 21.000 до 27.000 денари, како основна плата во одредени маркети.  

Во анализата направена е споредба на цените на белиот леб, пресното млеко со 3,2% процентна масленост, маслото за јадење, Јогуртот и киселото млеко, сирењето, урдата, солта, шеќерот, јајцата,  јавниот градски транспорт, меѓуградскиот транспорт, цената на струјата, водата и сметот како и облеката и обувките. Ги зедовме во пресметката производите од одредени брендови кои може да се најдат во маркетите, а се движеме по цените на основните прехранбени производи во маркетите со најниска цена, Кам, Стокомак и  Кипер во делот за прехрана, а во поевтините продавници за облека како продавниците „Ваикики“, Котон и неколку продавници за чевли кои продаваат квалитетни обувки, најчесто увезени од Турција. Во пресметките не ги вклучиле скапите маркети, како и продавниците кои продаваат високо брендирана гардероба и обувки.

Врз основа на овие анализи каде што се споредени цени на над дваесетина производи, вклучително и овошјето и зеленчукот, забележано е дека најмал раст има кај цената на белиот леб, која за векна од 450 грама цената пораснала за околу 1/3.

Најголем раст кај прехранбените производи ни покажа цената на јајцата кои од истиот бренд во 2017 година биле поевтини за речиси за скоро 75%, белото брашно забележало раст на цената од околу 60%, додека пак солта и шеќерот ја надминале магичната бројка од 100% за 1кг.

Од комуналните услуги, најголем раст има кај цената на електричната енергија, која пораснала за над 100%. Кај облеката и обувките растот е околу 35%.

Ова е се благодарение на новата пресметка за минимална плата која од 2022 година значително го подигна стандардот кај граѓаните, констатираат истражувачите и сметаат дека законот е добар за работниците.

Анализата се уште не е завршена, бидејќи се собираат информации и по други параметри, а се очекува да се направи споредба и на цените кои се формираат за време на празниците како Нова Година, Божик, па можеби и Велигден, па потоа да се излезе со комплетна анализа од неколку страници која ќе служи како научен труд, кој за жал не смееме да го изнесеме во јавноста од објективни причини. Авторите засега не даваат согласност да се споменат нивните имиња, но ветија дека во првата третина од следната година ќе споделат поголем број информации.

Игор Мицкоски

Треба да знаете
Последни објави