НОВОГОДИШНА ОД ЦИВИЛ: Кажи ДА и мисли го тоа

Кажи ДА и мисли го тоа: СРЕЌНА НОВА 2024 ГОДИНА

Светот го потресуваат жестоки кризи – воени, политички, економски, енергетски и еколошки. Лавината ја предизвика милитантниот диктатор Путин, со целосната воена агресија против независна Украина пред речиси две години. Директно или индиректно, тоа предизвика нестабилност и безбедносна криза во голем дел од светот, а потоа и оружени конфликти и војни во речиси сите невралгични точки на планетата, од кои, со бруталноста, посебно се издвојува војната меѓу Израел и Хамас во Појасот Газа.

Дали светот се ближи кон својот крај? – се прашуваат многумина во изминатиот период.

Вистинското прашање, според ЦИВИЛ е: Можеме ли да го спасиме светот?

А одговорот на тоа прашање е: Кажи ДА и мисли го тоа!

ЦИВИЛ – Центар за слобода им ја честита Новата Година на сите граѓанки и граѓани на Северна Македонија и на светот и ги повикува своите членови, поддржувачи, партнери и соработници да бидат уште поактивни во одбраната на човековите права и слободи во 2024 година.

Здружената редакција на медиумската платформа ЦИВИЛ МЕДИА им благодари на сите читателки и читатели за довербата и поддршката во 2023 година и најавува уште побогата продукција во 2024 година.

Среќна Нова, граѓанки и граѓани на светот!

Извор: Цивилмедиа

Треба да знаете
Последни објави