Со туѓа лична карта сакал да земе брз кредит, па „заработил“ кривична пријава

На 27.12.2023 во 13.30 часот на булеварот „Ослободување” во Кичево, полициски службеници од ОВР Кичево го лишиле од слобода А.Е.(28) од кичевското село Аранѓел. Тој, со лична карта на друго лице и без добиена согласност, се обидел од кредитно друштво во Кичево да подигне кредит и на тој начин да се стекне со протиправна имотна корист.

При преглед кај него, полициските службеници ја пронашле и одзеле личната карта. По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Треба да знаете
Последни објави