Search

Татко и син се убиените во Челопек, причина изградба на куќа која му пречела

Татко и син се убиените двајца денеска во тетовско Челопек од страна на нивниот 60-годишен роднина, кого веќе МВР го уапси.

Неофицијално, убиецот во тетовското село е познат како Илми, додека убиени се 55-годишниот Фарук и неговиот 30-годишен син Муарем.

Како што известува „Сител“ од изјави на жителите, причината за реакцијата на Илми е изградба на куќа која му пречела, а убиствата ги извршил со пиштол. Пукал и го ранил и нивниот брат, односно чичко.

Фарук и Муарем биле на времен престој во Македонија од Германија и Швајцарија.

Треба да знаете
Последни објави