Search

Објавена листата на најмоќните пасоши во светот, еве каде е македонскиот

Објавена е листата на најмоќните пасоши во светот. Според Индексот за пасоши, Обединетите Арапски Емирати имаат најмоќен пасош.

Второто место го делат пасошите на Германија, Шпанија, Франција, Италија и Холандија.

САД го делат шестото место со Словачка и Австралија.

Од регионов, Словенија е на осмо место, а Хрватска на деветто. Србија го зазеде 32 место, Северна Македонија е на 36.то а Црна Гора 37 место, додека Албанија и Босна и Херцеговина се на 43 и 44 место.

Последното, 98. место и припадна на Сирија.

Со македонскиот пасош без виза може да се влезе во 81 земја, виза на влезот може да се побара во 49 земји, а во 68 мора да се обезбди пред патувањето.

Треба да знаете
Последни објави