Search

РКЕ денеска треба да ја соопшти цената на струјата од 1 јануари

Пресметките, според новите правила, ги направи ЕВН Хоум и вчера ги достави регулаторна, која треба да ги провери и да одобри.. Барањето на енергетските компании беше поскапување за 27%, но регулаторот јавно соопшти дека тој процент нема да го добијат.

Сепак, треба да се земат в предвид и зголемените трошоци на компаниите поради загубите, зголемените плати и за над 7% повисоката набавна цена на струјата на струјата, изјави минатата недела Бислимовски.

Според најавите од владата, поскапување може да се очекува за третиот и четвртиот потрошувачки блок.

Денеска ќе се знае и колку ќе чини новиот надоместок за пристап до мрежа, кој ќе го плаќаат сите домаќинства, без разлика дали трошат струја или не. Според пресметките, сумата би се движела од 50 до 250 денари, а за сметка на тоа ќе се намали ставката мрежарина, за 20 %..

Треба да знаете
Последни објави