Search

Ладната вода е најдобриот лек за изгореници

Никогаш не ставајте масло, шеќер или жолчки на изгореница на раката, советуват дерматолозите.

Ако некој прст или раката се изгорени, најважно е да се излади тоа место за да се извлече температурата. За време на подготовката на празничната трпеза, но и во секојдневните ситуации, се случува да изгори прст или рака, а експертите препорачуваат местото прво да се излади за да се извлече температурата, а потоа да се намачка со гелови или масти наменети за изгореници.

Високата температура на местото на изгореницата дополнително го уништува ткивото и произведува токсични материи. Затоа треба да го изладиме, а ако не помине, да се контктира лекар и во никој случај не смееме да ја пробиеме плускавицата.

Доколку се работи за мала површина, доволно е само да се излади и да се користи крем, а во никој случај не е препорачливо да се става мраз бидејќи може да предизвика смрзнатини, што може да ја влоши изгореницата.

Степен на изгореници

Првиот степен значи дека најчесто е зафатен само површинскиот слој на кожата. Симптомите од прв степен се црвенило, без плускавци, со можна блага болка. Пример за овој степен се изгорениците од сонце, а со овој степен не е потребна посета на лекар, а доколку се третира правилно, овој вид на изгореници никогаш не остава трајна лузна и најважно е хидратацијата на раната.

Вториот степен подразбира дека е засегнат површинскиот слој на средниот слој на кожата. И во овој случај има црвенило, но и меурчиња исполнети со проѕирна течност, со поизразена болка. Тие можат да бидат резултат на краткотраен контакт со пламен или топла течност. Болката од овој степен на изгореници може да биде силна, но дури и ако оваа изгореница се третира правилно, таа никогаш не остава трајни лузни. Не ги дупнувајте плускавците, а во зависност од областа која е зафатена, не е лоша идејата да посетите лекар бидејќи процедурата за лекување во овој случај е малку посложена.

Третиот степен значи дека сите слоеви на кожата се зафатени, ткивото е бледо, а болката не се чувствува бидејќи нервните завршетоци се уништени. Овој степен на изгореници обично остава трајни лузни, дури и со соодветен третман, и затоа бара итна медицинска интервенција.

Четвртиот степен опфаќа длабоки структури, односно крвни садови, мускули, коски, а како и кај изгорениците од трет степен, потребна е итна интервенција од лекар.

Треба да знаете
Последни објави