Search

Калинката го нормализира високиот крвен притисок

Калинката, еден од највкусните подароци на Медитеранот, е многу барано овошје и во другите континентални региони. Овошјето на калинката содржи многу витамин Ц: 100 грама од ова овошје содржи 15 проценти од дневните потреби на возрасните за овој витамин. Во исто време, ова овошје е одличен извор на пантотенска киселина (витамин Бе-5), калиум и полифеноли (антиоксиданси).

Со консумирање на калинка или нејзин сок (но природно цеден, не индустриски добиен) се намалува можноста за заболување од кардиоваскуларни болести. Ако јадете само 50 грама калинка дневно или пиете сок во таа количина, високиот крвен притисок може да се нормализира во рок од една година (калинката го намалува крвниот притисок и до 20 проценти).

Затоа ова овошје се препорачува во исхраната на луѓето кои боледуваат од хипертензија, но само за лицата кои не се под терапија. Неопходна е претпазливост кај пациентите со терапија, бидејќи калинката никогаш не може да ги замени лековите препишани од лекар.

Ова овошје со уникатен изглед потекнува од почвата на денешен Иран и Ирак, поранешна Персија. Оттаму се проширил во регионот на Кавказ и понатаму во Азија, а потоа низ Европа и Америка. Сезоната на калинка во Медитеранот трае од септември до февруари, кога е најзастапена во нашите продавници. Калориската вредност на калинката е 83 калории на 100 грама, а дури 16 отсто се диетални влакна. Освен калиумот, кој го има во изобилство (236 милиграми во 100 грама), во калинките има и други минерали: фосфор, магнезиум, калциум, железо, цинк, железо и манган.

Во народната медицина ширум светот, калинката се користи за ублажување на разни состојби, од дијареа, крварење на непцата, против хемороиди, акни и катаракта. Иако во многу култури во светот се поврзува со плодноста, интересно е што и Индијанците користеле делови од плодот на калинката како контрацепција.

Денес се користи за намалување на ризикот од болести на срцето и крвните садови (артериосклероза), хипертензија, а сокот има и одредени антибактериски својства. Го намалува ризикот од рак, особено на простатата и дојката, го намалува лошиот холестерол и се бори против слободните радикали (ги штити клетките).

Треба да знаете
Последни објави