Search

Запленети 7480 пиротехнички средства во Прилеп, приведено едно лице

Денеска од страна на полициски службеници од СВР Битола -ОВР Прилеп на ул. „Прилепски бранители” во Прилеп, при контрола и преглед на патничко возило „голф” управувано од А.Б (47) од Прилеп, пронајдени се и одземени вкупно 7480 парчиња пиротехнички средства.

Заради сомнение за сторено кривично дело по чл.396 од КЗ лицето е лишено од слобода и по документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Треба да знаете
Последни објави