Search

Путин му честиташе на Вучиќ Нова година и Божиќ: Ти посакувам тебе, на твоите роднини и најблиски добро здравје, благосостојба и успех

Претседателот на Република Србија, Александар Вучиќ, доби честитка по повод претстојните новогодишни и божиќни празници од претседателот на Руската Федерација, Владимир Путин.

На картичката пишува:

„Почитуван господине претседателе,

Срдечно ви ги честитам новогодишните и божиќните празници.

Без оглед на тешката ситуација во светот, односите меѓу Русија и Србија, кои се засноваат на вековните традиции на пријателство и духовна блискост, се развиваат во конструктивен дух.

Сметам на продолжување на нашиот дијалог и продуктивна заедничка работа за актуелните прашања од билатералната, регионалната и меѓународната агенда.

На вас, на вашите роднини и на најблиските ви посакувам добро здравје, благосостојба и успех, а на братскиот српски народ мир и просперитет.

Со почит,
Владимир Путин“, се вели во честитката на претседателот Путин.

Треба да знаете
Последни објави