Search

Костадиновска-Стојчевска во работна посета на општините Крушево и Демир Хисар

Министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска денеска ќе оствари работна посета на општините Крушево и Демир Хисар.

Работната посета на министерката за култура Костадиновска-Стојчевска ќе започне во Општина Крушево, на средба со градоначалникот Томе Христоски. Заедно ќе направат обиколка на дел од поставките во рамки на НУ Историски музеј, во „Леарницата” и „Спомен-собата на Васил Иљоски” во старото училиште.

Агендата на Костадиновска-Стојчевска продолжува во Демир Хисар каде што ќе ја посети Локалната установа Дом на културата во која Министерството за култура, преку Годишната програма, поддржува различни активности, а оваа година го поддржа отворањето на поставката посветена на Радио Демир Хисар. Во рамките на посетата, министерката за култура ќе се сретне и со директорот на новата Национална установа „Денови на Смилевскиот конгрес”.

Треба да знаете
Последни објави