Една четвртина од струјата потрошена во ЕУ потекнува од обновливи извори

Во текот на 2022 година 23 проценти од вкупната електрична енергија потрошена во ЕУ била произведена од обновливи енергетски извори, што претставува зголемување за 1,1 процентни поени во споредба со претходната година, покажуваат податоците на Европската статистичка агенција – Евростат. 

Согласно целите на ЕУ за енергетска и зелена традиција се предвидува до 2030 година најмалку 42,5 отсто од вкупната потрошена струја во блокот да потекнува обновливи извoри на енергија. 

Според енергетската статистика, за обновливи извори на енергија се сметаат хидроцентралите, ветерниците, сончевите колектори, геотермалните извори, електраните на биогорива или комунален отпад, како и системите за производство на енергија на база на плима и осека и пумпите за извлекување на топлината од амбиенталниот воздух. 

Лидер во користењето на електрична енергија од обновливи извори во ЕУ е Шведска со учество од 66 отсто во вкупно потрошената струја. Главни извори на енергија во Шведска се хидро и еолските централи, електраните на цврсти и течни биогорива, како и топлински пумпи.  

Енергетски вицешампион е Финска со 47,9 отсто учество на обновливата во вкупната енергија, произведен главно од хидроцентрали, ветерници и електрани на цврсти биогорива, пред  Летонија со 43,3 проценти учество, пред се главна на струја произведена од хидроелектраните. 

Натаму следуваат Данска со 41,6 отсто и Естонија од 38,5 проценти, и двете во најголем дел со производство на струја од ветреници и електрани на и цврсти биогорива, пред Португалија со 34,7 отсто, која пред се потпира на струја од цврсти биогорива, ветерници, хидроелектрани и топлински пумпи, и Австрија со 33,8 проценти, главно користејќи енергија од хидроцентрали и електрани на цврсти биогорива. 

Под европскиот просек на искористеност на обновливата електрична енергија од 23 проценти се дури 17 од 27-те земји членки на ЕУ, при што предводници на неславната листа се Ирска со само 13,1, Малта со 13,4, Белгија со 13,8 и Луксембург со 14,4 отсто употребена струја од обновливи извори. 

Треба да знаете
Последни објави