Во Шри Ланка повеќе од 1.000 затвореници ослободени за Божик

Повеќе од 1.000 затвореници во Шри Ланка го искористија помилувањето од страна на претседателот за Божик и беа ослободени, објавија денеска извори блиски до затворската служба.

Меѓу 1.004-те ослободени има и граѓани кои не платиле казни за разни прекршоци, велат истите извори.

Шри Ланка, населена претежно со будисти, објави колективна амнестија во мај на Денот на Весак, кога се одбележуваат состојбата на просветлување и смртта на Буда.

Една недела пред Божиќ, полицијата на Шри Ланка почна голема операција против дрога, која активистите за права ја критикуваа поради недостиг на законски налози и претходни истраги. Уапсени се речиси 13.700 осомничени трговци со луѓе кои ќе мора да поминат низ програма за детоксикација во воените центри, соопшти полицијата.

Затворите во островската држава се познати по тоа што се пренатрупани.

Според неодамнешните официјални податоци, има приближно 30.000 затвореници во инфраструктура предвидена за 11.000 луѓе. 

Треба да знаете
Последни објави