Search

Ќе преовладува релативно топло време со магла по котлините

Во најголем дел од земјава преовладува сончево и релативно топло време, со мала облачност.

По котлините, особено долж Повардарието, е постудено со појава на магла, која попладне ќе слабее. Во западните делови ќе дува слаб до умерен западен, а во југоисточните слаб северен ветер.

Минималната температура е во интервал од -2 до 2, а максималната ќе достигне од 8 до 17 степени.

Во Скопје магливо и тивко, попладне видливоста ќе се зголеми. Минималната температура се спушти до -2, а максималната ќе достигне 9 степени.

Ова време ќе се задржи и утре, со нешто пониска дневна температура.

Треба да знаете
Последни објави